Приморскиот бугарски град Царево од изутрината е под зголемена полициска контрола откако во јавноста се прошири информацијата за исчезнат сеф со 2.000.000 лева и златни прачки, по катастрофалните поплави и силното невереме што викендов ја зафатија Бугарија. Веста, како што пренесуваат бугарските медиуми, предизвика невидена „златна треска“ на јужниот брег на Црното Море. Властите презедоа строги мерки за ограничување на пристапот до плажите, ...

По апокалиптичната поплава во Бугарија што се случи минатата недела, на една од плажите во приморскиот град Царево се појавија банкноти, чие потекло не е утврдено. – Се тврди дека бранот од поплавата однел метален сеф од локацијата на локалната компанија за тешка механизација „Авто Јани“, во кој имало документи за камиони, багери и евентуално пари. Немам информации за тоа што е регистрирано во полиција како штета и дали воопшто е регистрирано. ...

Масовна потрага е во тек во бугарскиот град Царево по исчезнат метален сеф од локална компанија, кој наводно содржел два милиони лева и златни прачки. Плажите се затворени за јавност, багери копаат песок, а нуркачите го истражуваат морското дно. Полицијата ги спречува цивилите да учествуваат во пребарувањето. Според локални медиуми, првите индиции за појава на банкноти се појавиле на една од градските плажи по катастрофалното невреме кое ...

Банкноти расфрлани на поплавен брег, нуркачи во потрага по метален сеф и багери што копаат песок во воена атмосфера, вака утрото го дочека бугарскиот град Царево, откако се проширија информации дека од локална фирма исчезнал метален сеф со 2.000.000 лева и златни прачки, јави бугарскиот портал Новините. Општината веднаш поставила контролни пунктови, додека полициски патроли детално ги проверуваат сите возила, а во градот се пуштаат само лица со ...