Дарко Гелев – Брејк е роден на 4 мај 1976 година во Скопје. Музичкото минато на Дарко Гелев – Брејк датира уште од средина на осумдесетите, кога тој членуваше во скопската група Вудсток. Тогаш Брејк имаше само 15 години. Една деценија потоа доаѓа во групата Октавијан, на местото на нивниот прв вокалист Горан Јапанац, кој продолжува во групата Форум. Брејк со Октавијан снима две песни: Реванш и На мое место, по што групата престанува со работа, а ...
Кирил Гравчев е роден на 7 мај 1952 година во Велес. Тој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Бил вработен во Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес каде го поминал целиот свој работен век, и изиграл над 100 премиери во неговиот театар и во други театри. Награди: Гравчев има остварено бројни филмски улоги: 1987 Хај фај ТВ-филм 1987 Претежно ведро ТВ-серија 1988 Скопски сновиденија ТВ-филм 1990 ...
Веле Смилевски е роден е на 6 мај 1949 година во Ново Село, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На истиот Универзитет магистрирал и докторирал. Бил новинар во Нова Македонија, уредник во книгоиздателството „Мисла“ и МРТВ. Бил акредитиран новинар на Македонското радио, дописник од Прага (1994-1997). Застапен е во антологии на македонската поезија објавени во Шведска, Чешка, Полска, Шпанија, ...