Формула 1 потврди дека договорот со организаторот на трката за Големата награда на Мајами е продолжен. Актуелната соработка беше валидна до 2031 година, меѓутоа сопствениците на правата за овој спорт „Либерти Медиа“ и организаторот имаат долгорочни планови заедно. Трката на Мајами доби огромен договор до 2041 година, што е за неверојатни 16 години отсега. BREAKING: The Miami Grand Prix will remain on the calendar through 2041!#F1 #MiamiGP ...
Формула 1 и организаторите на трката во Мајами одлучија да ја продолжат соработката за уште десет години. Тие потпишаа ново десетгодишно продолжување на договорот – до 2041 година. „Ова ни овозможува со сигурност да кажеме дека оваа трка ќе биде тука многу долго време. Продолжувањето на нашиот договор со Формула 1 до 2041 година е извонредно достигнување за целиот тим на Јужна Флорида Моторспортс, доказ за напорната работа, силата на ...