ELENA LUKA останува еден од ретките брендови дури и на глобално ниво што сè уште ја негува вистинската филозофија на високата мода. Во ателјето на модната куќа, секоја креација започнува како идеја, а завршува како уметничко дело создавано со прецизност, трпение и огромна љубов кон занаетот. Таму нема случајно поставен кристал, нема машински компромиси и нема детали оставени на случајноста. Илјадници Сваровски сертифицирани кристали, бисери ...

Навистина се ретки брендовите што сè уште ја негуваат вистинската couture традиција. Брендови кај кои секој кристал се поставува рачно, секој бод е дел од сложен процес, а секоја креација се создава како уникатно уметничко дело, а не како производ од сериско производство. Токму затоа ELENA LUKA одамна не се препознава само по своите колекции, туку по филозофијата дека високата мода започнува таму каде што завршува индустриската конфекција. ...