Ревизијата на финансиското работење и усогласеноста на Основниот суд Гостивар откри серија нерегуларности и системски слабости. Според наодите, во судот недостасуваат одредби за утврдување на платите на вработените кои вршат технички и помошни работи. Исто така, средствата што се издвојуваат од Буџетот за финансирање на Судската власт во 2023 година не го достигнуваат законски утврдениот минимум од 0,8% од БДП, туку изнесуваат само 0,3%. ...

Повеќе нерегуларности и системски слабости покажала Ревизијата на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Основниот суд Гостивар што денска ја објави Државниот завод за ревизија. Државниот завод за ревизија констатирал и различни услови за пополнување на едно работно место во прописите по кои работат судовите, што, смета, предизвикува дилеми и неможност за постапување, како и дека не е пропишана формата и содржината на обрасците за ...