Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја обвини Владата дека не поддржала ниту еден од проектите предложени од Градот. Таа во статус на социјалните мрежи наведе дека Владата одвоила „0 денари“ за набавка на противпожарни возила, систем за рана детекција на пожари, како и за уште 18 други проекти наменети за, како што рече, доброто на граѓаните. Арсовска истакна дека со ваквиот однос се блокираат иницијативи од значење за заштита и ...

„И согласно Законот за локална самоуправа, но и согласно Законот за води, одговорноста во делот на водоснабдувањето е во рамки на локалната самоуправа, т.е во рамки на Град Скопје. Владата тука нема никакви ингеренции, тоа сакам да го кажам, најдиректно за да стане јасно на нашите граѓани“, вели Перински. Тој додаде дека ова е кулминација од сите натложени проблеми, коишто го тиштат градот Скопје во изминатите повеќе од три и пол години и како ...

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, ова денеска го одговори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој одговараше на новинарско прашање дали како Влада можат да помогнат во решавањето на проблемот со водоснабдувањето, бидејќи повеќе населби во Скопје се соочуваат со немање на вода за пиење во своите домови. -И согласно законот за локална самоуправа, но и согласно законот ...

Со вториот повик од инструментот за капитални инвестиции, од Владата денеска соопштија дека се склучуваат договори со локалните власти за вкупно 828 проекти, во вкупна вредност од 13 милијарди и 868 милиони денари, или приближно 225 милиони евра. Сепак, од Град Скопје информираат дека од „Илинденска бр.2“ не поддржале ниту еден нивен проект. Според градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, Владата на Република Македонија не поддржа ...