Анкара, 4 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција и пратеник од владејачката Партија за правда и развој (АКП), Нуман Куртулмуш, доби нов мандат на функцијата. Во третата рунда од гласањето во парламентот што брои 600 пратеници, Куртулмуш доби поддршка од 329 членови. Куртулмуш беше првпат избран на 7 јуни 2023 година. Откако двегодишниот мандат му истече, вчера беше одржано ново гласање на кое беше реизбран. ...
АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) информира дека Александар Мурговски е избран за нов претседател на Надзорниот одбор на државната компанија, на местото на Иван Куковски. Препорачано ЕСМ соопшти дека досегашниот претседател на Надзорниот одбор, Куковски, се повлекува од функцијата поради идни професионални ангажмани. „Изразуваме огромна благодарност до г. Куковски за неговиот досегашен ангажман и исклучителен придонес во работата на ...