Филмот на Георги М. Унковски, „Диџеј Ахмет“ кој на светската премиера во јануари на престижниот фестивал на независен филм „Санденс“ во Јута, САД, освои две награди, учествуваше на повеќе од 30 фестивали, и го затвори годинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки“ , сега ги полни салите на „Синеплекс“ во Скопје и во Битола со убава публика. Филмот кој годинава не успеа во трката за македонски претставник на Оскарите во март ( „изгуби“ од ...

Уште кога излезе краткиот филм на Унковски – „Налепница“ (Sticker) во 2019 година, се насетуваше автор со посебен сензибилитет, со изразена но одмерена смисла за хумор, непотрошена, неисклиширана, туку многу дозирана. Уште тогаш знаев дека Георги М. Унковски и неговиот прв долгометражен филм, ќе биде полн погодок. Ретко се случува кај нас режисер да извади и комплетно сценарио и при тоа да не ве изнервира со некои недоследности, до пола завршени ...