Амбасадорот на Иран во Германија, Маџид Нели, ги предупреди европските земји дека толерирањето на американските напади нема да ја обезбеди нивната безбедност, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Нели реагираше на она што го нарече молк на некои европски политичари во врска со американските акции против Иран. Според него, САД извршиле напад врз мостот Аг-Тапе-Кан, кој се наоѓа на железничкиот коридор Кина-Туркменистан-Иран. ...

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски ...