Охрид, 8. јули 2025 (ОХРИДПРЕС) – Веслачките на „Горица Ремо“ викендов настапија на Меѓународната регата „Војводина опен“ во Палиќ, која се оддржа по 63-ти пат. – Најмладата веслачка на „Горица Ремо“ Ана Ничевска настапи во скиф за пионерки и дубл за пионерки во комбинација со веслачка од ВК „Бегеј“, Зрењанин. Тие извеслаа до 4 место во квалификациите, а иако не успеа да влезе во финалето, ова постигнување е показател за посветеност, талент и ...

Веслачките на Горица Ремо со извонреден успех на Меѓународната регата Војводина опен во Палиќ, која се оддржа по 63 пат. Со 5 одличја се закитија веслачките Александра Маленкоска и Исабела Димовска, кои веслаа во мастерс категории. Тоа е категорија која ги слави оние кои продолжиле да ја негуваат својата страст за спортот, претворајќи го во активен и здрав начин на живот. Маленкоска освои бронзи во скиф мастерс Б и микс дубал со веслачот од ВК ...