Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече ...
Растат трошоците за живот. Синдикатите пресметаа дека на четиричлено семејство месецов му се потребни речиси 400 денари повеќе од претходниот. За најосновните потреби, од домашниот буџет треба да издвои над 63 илјади денари и тоа ако има свој стан или куќа. Ако плаќа и кирија, на семејството ќе му требаат 79 илјади денари. И покрај мерката „новогодишна кошница“, најмногу поскапеле храната и пијалоците. „Вредноста на делот за храна и пијалоци, ...