Во Делчево денеска за прв пат ќе се одигра натпревар во женски фудбал. На градскиот стадион „Гоце Делчев“ силите ќе ги одмерат екипите на ЖФК „Каменица Саса“ и ЖФК „АС Јунајтед“. -Ова е прв историски натпревар во фудбал за жени што ќе се одигра во Делчево. Целта е популаризација и развој на женскиот фудбал во регионот, се вели во најавата за натпреварот. Натпреварот е закажан за 16:30 часот, а од клубот упатија отворена покана до сите вљубеници ...

Делчево, 12 април 2025 (МИА) - Во рамки на првата фудбалска лига во женска конкуренција, денеска на Градски стадион „Гоце Делчев“ во Делчево екипата на ЖФК „Каменица Саса“ со 3:1 славеше над ЖФК „АС Јунајтед“. Ова беше прв натпревар во жеснки фудбал одигран во Делчево, а целта натпрварот да се игра овде, како што истакнаа од тимот од Македонска Каменица, е популаризација на женскиот фудбал. Иако екипата од Македонска Каменица целосно ја имаше ...