Триесет и четиригодишна скопјанка е тешко повредена во сообраќајка во Гевгелија. „Вчера во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул. „5 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија и патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје“, информираат од МВР. Во ...

На 02.05.2025 година во 16.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ресавска“ и „Народен Фронт“ во Кавадарци , се случила сообраќајна несреќа во која што мопед марка „Хамачи“ со кавадаречки регистарски таблички управуван од Д.Ѓ. (22) од Кавадарци се излизгал на патот во моментот кога крстосницата ја минувало патничко возило „Ланд ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) ...

Доцна синоќа, тројца жители на селото Тркање биле донесени во кочанската болница со повреди нанесени со остар предмет. Тие биле ранети од двајца нивни соселани, во тепачка која избила пред селската продавница, соопшти МВР. „Денеска (2 мај) во 00:35 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош во градот било пријавено дека кај нив биле донесени Ж.Б., М.Б. и Т.С. со повреди од остар предмет, a, според пријавеното, тие биле ...