Екипата на Вардар е единствениот македонски претставник кој во Европа тргна со победа. Црвено-црните ја оправдаа фаворитската улога и славеа високо со Ла Фиорита од Сан Марино (3-0), па со едната нога се во следната фаза на Конференциската лига на УЕФА. Иако се мачеа едно полувреме, во вториот дел избраниците на Гоце Седлоски го скршија отпорот на дефанзивниот ривал и се обезбеди солидна залиха пред гостувањето во Сан Марино следната седмица ...
Вардар со 3-0 го совлада тимот на Ла Фиорита на првиот натпревар од првото коло во Лигата на конференции, и со крупни чекори се доближи до следната рунда и дуел против швајцарска Лозана. „Црвено-црните“ имаа проблеми само во првиот дел, кој заврши без голови, за во вториот дел низ тотална доминација и поправање на ефикасноста, на крајот да слават убедлива победа, која треба да биде доволна за пласман во наредната фаза. Сега на Вардар му останува ...