Првиот поен за Македонија го донесе Берк Бугариќ, кој по 1 час и 50 минути го совлада Лиам Деликата со 2-0 во сетови (76(2) 62). Бугариќ добро стартуваше во мечот и поведе со 2:0 во гемови, но потоа следуваше пад во играта и противникот направи пресврт за водство од 3:2. Во следните три гема повторно имаше брејк ба двете страни и резултатот беше 4:4 во гемови. До крајот на сетот немаше брејк и по 6:6 првиот сет се решаваше во тај брејк. Бугариќ ...
Македонската Дејвис-куп репрезентацијата ја забележа и втората победа на турнирот од најмасовното тениско репрезентативно натпреварување што се одржува во Скопје. Нашите тенисери успеаја да слават со 2-1 во пресметките со ривалите од Молдавија, откако како решавачки се покажа дубл-дуелот во кој Ивановски и Мицов славеа со 2-1 во сетови на Кјумак и Снитари. Македонските тенисери го добија првиот сет со 6-4, а во вториот пропуштија две меч-топки ...
Дејвис куп репрезентацијата на Македонија го доживеа првиот пораз на турнирот од Третата европска зона во Скопје, откако денеска избраниците на Горан Шевченко загубија од Црна Гора (3:0). Натпреварувачкиот ден започна малерозно за нашата репрезентација, бидејќи Амар Хусеиновиќ мораше да го предаде мечот во сингл поради повреда уште во првиот сет и Црногорците лесно стигнаа до првиот поен. Подоцна, Стефан Мицов немаше одговор за расположениот ...