Среде гласини и сценарија за неговото здравје (некои објавија дека дури е во кома откако е повреден во американско-израелски напад), новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, ја упати својата прва порака откако беше избран за наследник на неговиот татко, пренесува Ал Џезира. Во изјава емитувана на иранската телевизија, Моџтаба Хамнеи рече: „Веруваме во пријателството со соседните земји, но сме принудени да продолжиме да ги напаѓаме ...

Ниту едно друго дете на Али Хамнеи не се појавило во јавноста по нападот, ниту упатило честитки или ветувања за лојалност откако Моџтаба Хамнеи бил избран за врховен лидер. Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хамнеи го преживеал американско-израелскиот напад бидејќи само неколку минути пред проектилите да ја погодат неговата куќа излегол во дворот, пишува The Telegraph. Во истиот напад, кој се случил на 28 февруари, биле убиени неговиот ...