Денеска министерката за образование и наука Весна Јасневска, изјави дека вкупно 13 научни институти се затворени, а уште 13 се под силен мониторинг и допрва треба да се види колку од нив ќе бидат затворени. Затворена е и една медицинска струка, ќе се затвори и уште една. Во изјава за медиуми по панелот во рамки на Самитот Македонија 2025 Јаневска рече дека е јавна тајна стекнувањето на лажни и незаслужени дипломи. Во вакви случаи, како што ...

Има приватни универзитети кои постојат како трговски претпријатија, „штанцале“ дипломи години наназад и Владата им се спротивстави, но има и приватни универзитети кои навистина добро работат. Не сум против отворање приватни школи, универзитети и слично, но секој мора да го почитува законот и уште поважно, тие да не се отвораат исклучиво за бизнис цели, туку со мисија навистина да помогнат во подобрување на квалитетот на образованието во државата ...