Како и што се претпоставуваше, на мечевите меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид немаше многу голови, ниту пак многу шанси, но имаше машка, храбра игра, многу пасија и борба до последниот атом од силите. Единствениот гол се случи во 44. минута кога Букајо Сака постигна гол по една одбиена топка од Облак и даде гол за водство на Арсенал од 1-0, што се покажа и како конечен резултат. Атлетико Мадрид имаше неколку прилики, но одбраната на Арсенал ...

Фудбалерите на Арсенал го победија Атлетико Мадрид со 1:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и се пласираа во финалето. Арсенал втор пат во историјата ќе се бори за трофејот во Лигата на шампионите, првиот пат пред 20 години загуби од Барселона со 2:1. Ова беше уште една шаховска партија помеѓу Микел Артета и Диего Симеоне, а помудар беше Шпанецот кој резервираше билет за Будимпешта, каде што ќе го чека подобриот од двата ...

По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0 вечерва го поразија Атлетико Мадрид на својот стадион и по нерешените 1:1 на мечот во шпанската престолнина минатата недела, успеаја да го „визираат“ патот за Будимпешта на големото финале на 30 мај. Вечерва видовме уште една жестока битка на две ...