Продолжува “серијалот“ со преписки од страна на Слога Виница и Карбинци, во Трета лига Север кој се одигра вчера а победија виничани со 7:1 со што го официјализираа првото место на табелата. По мечот гостите се жалеа дека нивен играч бил тепан од страна на претседателот на Слога Виница, а дека има пријава тоа го потврдија и од страна на МВР. Сепак попладнево со соопштение на својата официјална ФБ страница, виничани сето тоа го демантираат. ...

МВР претходно соопшти дека имаат пријава од фудбалер на ФК Карбинци дека во службените простории на ФК Слога Виница бил физички нападнат пред почетокот на натпреварот. Сега виничани излегоа со нивната верзија за настанот и ги обвинија гостите за закани. Соопштението на ФК Слога Виница ви го пренесуваме во целост: Почитувана спортска јавност, Фудбалскиот клуб ФК Слога 1934 – Виница најостро ги демантира лагите и инсуациите од ФК Карбинци, нивните ...

На 04.05.2025 во ОВР Виница, М.Д.(35) од с.Стар Караорман, штипско, фудбалер на ФК „Карбинци“, пријави дека околу 15 часот во службени простории на ФК „Слога“ од Виница, на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ Виница и ФК „Карбинци“, бил физички нападнат од Д.М.(42) од Виница, претседател на ФК „Слога“, додека комесарот за безбедност на ФК.„Слога“, Н.К.(40) од Виница ја држел ...