На 26 септември 2023 година (вторник), со почеток во 12 часот, во Американско катче – Штип ќе се одржи работилница за изработка на стрипови. Неа ќе ја води Александар Стеванов, наградуван стрип-автор и хроничар, со досега објавени девет книги на тема историја на стрипот. На стрип-работилницата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на оваа уметност – нејзината полисемичност, дефинирање, особеностите и главните градивни елементи ...
На фестивалот Салон на стрип Белград кој од 27 до 30 септември во главниот град на Србија се одржа по 16-ти пат, традиционално и годинава учество зедоа македонските стрип-автори. На меѓународниот натпревар, во рамки на манифестацијата, меѓу 377 учесници од целиот свет кои испраќаат вкупно 334 стрипа, застапени се и 21 автор од Македонија. Со тоа, веќе втора година по ред, Македонија е втора земја по бројот на учесници, веднаш зад домаќинот ...