Експедицијата на Шкендија отпатува за Букурешт, каде в среда ќе го брани минималното водство од првиот меч против ФЦСБ од првиот меч од квалификациите за Лигата на Шампионите. Елиминација на романскиот гигант ќе значи и историски прв пласман на тетовци во групната фаза од едно европско натпреварување, што ќе биде мотив плус за тренерот Беќири и неговите избраници да дадат и над 100% од своите можности на претстојниот реванш. Во меѓувреме, од ...

Фудбалскиот клуб Шкендија пристигна во главниот романски град Букурешт каде што в среда ќе се судри со екипата на ФЦСБ во реванш дуелот од второто коло на квалификациите за Лигата на шампионите. Македонскиот шампион два дена пред натпреварот пристигна во романската престолнина и ќе има доволно време за да се аклиматизира и за завршни подготовки пред натпреварот. Во текот на утрешниот ден Јетон Беќири ќе го одржи и првиот тренинг во Романија, а ...

Вардар ќе биде значително засилен за претстојниот реванш од квалификациите за Конференциската лига против Лозана, откако капитенот Горан Закариќ му се врати на располагање на стручниот штаб. Предводникот на „црвено-црните“ заработи незгодна повреда на реваншот од првото коло против Ла Фиорита, поради што не беше во комбинација за дуелот со Лозана во Скопје. Сепак, Закариќ без проблеми ги издржа сите напори на денешниот тренинг, по што веќе нема ...