Милан го промовира потписот со големиот шампион Лука Модриќ. Хрватот по авантурата во Реал Мадрид се реши за нов предизвик, а тоа ќе биде во Серија А и во дресот на „росонерите“. Тој денес слета во Милано, ги мина медицинските тестови и стави потпис на договор до крајот на следната сезона. Сепак, во истиот договор стои опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година. Модриќ ја задолжи опремата со бројот 14, бидејќи неговата омилена 10 ...
Сега е веќе официјално. Лука Модриќ од пред неколку минути е нов член на Милан. Легендарниот Хрват по цели 13 сезони минати во Реал Мадрид, откако не му беше продолжен договорот со “кралевите“, одлучи својата кариера да ја мине во италијанскиот гигант од Милано. Лука денеска прво ги мина лекарските прегледи а потоа стави и потпис на догворот со Милан. Откако сите формалности завршија, како што и личи, Лука Модриќ позираше во дресот на својот нов ...
Лука Модриќ пристигна во Милан и наскоро ќе се стави на располагање на тренерот Масимилијано Алегри, а веднаш по слетувањето во градот на модата ја даде и првата изјава за италијанските медиуми. „Среќен сум што дојдов во Милано. За мене ова е нова етапа во доцната фаза од кариерата, но мислам дека пристигнав во вистинскиот клуб. Голем поздрав до сите навивачи на Милан, се надевам дека ќе испишеме успешна приказна“, рече хрватскиот ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е нов играч на Милан, објави вечерва италијанскиот клуб. Модриќ, кој ќе го прослави својот 40-ти роденден на 9 септември, претходно денес помина медицински прегледи во Милано, а потоа отиде во седиштето на клубот. Тој го напушти италијанскиот град вечерта и отпатува за Загреб. „Многу сум среќен што сум тука и што започнувам ново поглавје во мојата кариера“, рече хрватскиот играч од средниот ред во видео објавено ...