Наполи испрати официјална понуда до Лајпциг за услугите на Елиф Елмас. Понудата беше 1,5 милиони евра за позајмица на една сезона, со право на откуп во јули 2026 година за сума од 11,5 милиони. Меѓутоа германскиот тим бара речиси двојно повеќе. Односно, три милиони евра за позајмицата од една сезона, и право на откуп за сума од 18,5 милиони евра, тврдат дел од италијанските медиуми. Преговорите меѓу двете страни продолжуваат со засилен ...
Елиф Елмас сака да се врати во Наполи, но проблем е што неговиот поранешен клуб никако не успева да се договори со Лајпциг за да го комплетира трансферот на македонскиот репрезентативец. Бавните преговори меѓу двата страни ќе се обиде да ги искористи раководството на Рома, кое е подготвено да се врати назад во трката по Елмас, се со цел да успее да го доведе Елиф на „Олимпико“. „Скај Италија“ обелодени дека „римската волчица“ сериозно гледа на ...
Елиф Елмас е многу блиску до враќање во поранешниот клуб Наполи откако новиот првак на Италија имал успешна рунда на преговори со Лајпциг за камбек на македонскиот репрезентативец на „Диего Армандо Марадона“. „Наполитанците“ планираат да доведат неколку засилувања до крајот на овој преоден рок, а покрај ангажманот на нов голгетер (како замена за Лукаку), приоритет е враќањето на Елмас, кој со својата универзалност да игра на неколку позиции е ...
И натаму трае неизвесноста околу новиот клуб на Елиф Елмас откако Лајпциг негативно одговори на понудата од Наполи. Македонскиот интернационалец е непожелен во Лајпциг, но и покрај тоа германскиот клуб не сака да го пушти за „малку“ пари. Наполи на Лајпциг му понуди 1,5 милиони евра за едногодишна позајмица, да му ја исплаќа целата плата на Македонецот, како и опција целосно да го откупи за 12 милиони евра. Така, вкупната сума би изнесувала 13,5 ...