Најголемата ѕвезда на словенечката кошаркарска репрезентација, Лука Дончиќ, го коментираше поразот од Германија (91:99) синоќа во четвртфиналето на Евробаскетот. Играчот на Лејкерси постигна 39 поени, 10 скока и 7 асистенции. – Лут сум, едноставно сум навистина лут. Можев да направам повеќе во последната четвртина. Создадов шутеви за себе, можев да бидам подобар во одлучувачките моменти, но донесов погрешни одлуки. Капа долу за моите соиграчи, ...
Лука Дончиќ имаше ново брилијантно издание на Евробаскетот и уфрли 39 поени во четвртфиналето против Германија, но за жал не беше доволно свеж и прецизен во самата завршница, период во кој фаворитот успеа да покаже поголема смиреност и одлучност за да стигне до победа. Иако беа во добитна ситуација во добар дел од мечот, Словенците на крајот мораа да се помират со тежок и болен пораз, но и покрај огромното разочарување, кај Дончиќ очигледно ...