Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство денеска започна со исплата на субвенции за произведениот тутун од последната реколта. Како што информира министерот Цветан Трипуновски, на сметките на 14.502 тутунари ќе бидат префрлени вкупно 2.404.561.224 денари, што претставува речиси 40 милиони евра. „Тутунарите заслужено ги добиваат овие средства за нивниот труд. Со ова покажуваме дека државата стои зад македонскиот земјоделец“, ...

Прилепскиот тутунопроизводител, Ристо Џамбазов, за десетина дена ќе го почне садењето на тутунот од годинашнава реколта. Лани произвел пет тони тутун и останува со производството на оваа извозна индустриска култура. Тутунарите ги добија и парите од субвенциите. На 14.500 производители им се исплатени близу 40 милиона евра за ланскиот род од 24.000 тони. Годинава се очекува зголемено производство на 27.000 тони тутун. Министерството распределува ...

Денес сакам да споделам одлична вест за македонските земјоделци! Имено, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски ме извести дека од денес започнува исплатата на субвенции за тутун во вкупна висина од 2.404.561.224 денари, или речиси 40 милиони евра на 14 502 тутунари. Значи тутунарите, заслужено, со својот труд од државата ќе добијат 40 милиони евра за последната реколта на тутун. Ќе потсетам дека кога ја ...