Репрезентацијата на Белгија е еден од ривалите на македонската репрезентација во јунскиот прозорец од квалификациите за Светското првенство. „Ѓволите“ својот прв меч од овој циклус ќе го одиграа токму во Скопје на 6 јуни, меч на кој селекторот Руди Гарсија ќе смета на најдобрите играчи, најголемите ѕвезди. Имено се враќа голманот Тибо Куртоа, во нападот ќе биде присутен Ромелу Лукаку, а средината ќе ја предводи Кевин Де Брујне. Тука е и дуото од ...
Белгискиот селектор Руди Гарсија го објави поширокиот список од 26 имиња кои ќе бидат во комбинација за настап на јунските квалификациски дуели со репрезентациите на Велс и на Македонија. Белгијците речиси сигурно ќе допатуваат во Скопје со својот најсилен тим, откако Гарсија во списокот ги вклучи најзвучните имиња во таборот на „црвените ѓаволи“. Тибо Куртоа повторно ќе биде на голот на белгискиот национален тим, со средниот ред ќе раководи ...