Фудбалерите на Интер Мајами приредија изненадување на Светското клупско првенство во САД, откако по пресврт го совладаа Порто со 1-2 (1-0). Одново, човек на одлука за тимот од Мајами беше Лионел Меси, кој во вториот дел постигна нов гол-убавец од слободен удар со што ја запечати победата на својата екипа. Поранешните асови на Барса, Меси, Суарез и Бускетс се најдоа во првиот состав на нивниот поранешен соиграч, а сегашен тренер Маскерано, но ...
Интер Мајами ја запиша првата победа на Светското клупско првенство во САД, триумфирајќи со 2-1 против Порто во 2. коло од Групата А. Двете екипи ремизираа без голови на стартот од првенството, Интер Мајами со египетски Ал Ахли, додека Порто со бразилскиот Палмеирас, за да сега американскиот тим предводен од Лионел Меси дојде и до првата победа, и тоа со пресврт. Порто поведе со голот на Саму од пенал уште во 8. минута од средбата. Но, пресвртот ...