Марк Маркез продолжи да доминира во кралската класа оваа сезона. Шпанецот победи на трката во Муџело, пред помладиот брат Алекс (Гресини) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Марк, еден од најдобрите возачи во историјата, втор пат во кариерата победи во Муџело, денес ја забележа 93-та победа во кариерата. Трката на култната патека беше интересна само во првите осум круга, кога Марк, Алекс и Пеко Бањаја се менуваа на челната позиција. Во моментот кога ...

Фабио Квартараро освои пол-позиција за трката на Големата награда на Холандија. Францускиот возач на Јамаха забележа најбрз круг со време 1:30,651 минути и ја победи конкуренцијата на патеката во Асен. Квартараро беше само минимално побрз од Франческо Бањаја кој ќе тргне од втората позиција. Место во првиот стартен ред си обезбеди и Алекс Маркез од Гресини, додека Марк Маркез само вторпат сезонава нема да биде меѓу првите тројца. Попладнево во ...