Оваа година ми беше голема чест и радост да бидам една од претставниците на Интернационалната недела на уметноста во Гуангдонг (Guangdong international art week), огромен настан што се одржа на средината на мај во меѓународниот конгресен и изложбен центар „Нанфенг“ во Гуангџоу, Кина. Учествував со три оригинални акварелни дела и голем број уникатни постери од мои дела, кои прекрасно резонираа со посетителите. Заинтересираноста на посетителите за ...
Од 25 јуни започнува конкурсот за пријавување за прием на средношколци во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип и ќе трае до 10 јули. Домот располага со 236 легла, а конкурсот за студенти е во месец август. Директорката, Гордана Барбашка, упати апел до учениците кои ќе го продолжат своето средно образование во некое од училиштата во Штип, а се од друг град да се пријават на самиот конкурс. „Нашиот студентски дом „Браќа Миладиновци“ ...