По поразот од Барселона во финалето на Копа дел Реј, се чини само прашање на време е кога Карло Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид. И покрај тоа што се шпекулираше дека стратегот ќе замине веднаш во случај на негативен исход во Севиља, се чини дека тој ќе остане на кормилото до крајот на сезоната во Ла Лига и покрај тоа што Бразил силно притиска да го ангажира што поскоро. Како што пренесува Релево, Флорентино Перез со господски потег ќе се ...
Иако во претходните сезони заврши одлична работа со Реал (М), трофејниот италијански стручњак, Карло Анчелоти, е пред отказ бидејќи постои шанса „кралскиот клуб“ да ја заврши оваа сезона без трофеј. По елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на шампионите, екипата на Реал (М) беше поразена и во финалето на Купот на кралот, каде по продолженијата Барселона славеше со 3:2. За „кралевите“ останува да се борат за трофејот во Ла Лига и тоа против ...