Третиот ден од 4. Интернационален фестивал на детски театар „Игор Маџиров“ поминува во знак на креативност, имагинација и човечка топлина. Денешната програма носи два впечатливи контраста – играта со сенките и моќта на зборот, кои преку детска фантазија и човечка емпатија ја прикажуваат убавината на театарот за сите возрасти. Двојниот термин денес е резервиран за домашната продукција „Свадби на животни и нешта“ на Театарот „Сенки и облаци“. ...
Претставата „Малата Фрида“ во режија на Аница Томиќ, а во изведба на Градскиот театар „Жар птица“ од Загреб, Хрватска ја освои гран-при наградата на 4. издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што се одржа од 15 до 18 октомври 2025. -Претставата е топла, духовита, со визуелно раскошна сценографија и костими и раскажува приказна за тешките денови на малата Фрида Кало. Им зборува на децата на јасен и ангажиран начин ...