Македонија со 1:0 го победи Казахстан и не само што ги задржа шансите за првото место во групата за пласман на СП 2026 година, туку направи и еден подвиг. Прв пат се случува Македонија 10 меча по ред да нема пораз и да спои 365 дена, односно една година без ниту еден неуспех. Последен пат Македонија загуби на 10 јуни минатата година и тоа во пријателски меч од Чешка со 2:1. По тој пораз, нашата репрезентација одигра вкупно 10 дуели и има седум ...

Последниот пораз Македонија го има доживеано на 10 јуни на гостински терен кај Чешка со 1-0. Оттогаш помина една година и момците на Милевски редат само успеси. Имаме неверојатна серија од десет натпревари без загубен меч, во неа победивме дури седумпати, а само три меча завршија нерешено. Следниот меч на Македонија е дури на седми септември, домаќини сме на Лихтенштајн, па јасно е дека треба да се случи чудо за тие да бидат селекцијата која ќе ...