Вести СО ВТОРАТА ПОБЕДА НАД КАТАР, МАКЕДОНИЈА СО ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО 23.01.2025 Македонската ракометна репрезентација попладнево го победи Катар со 39:34 (полувреме 21:17) во второто коло од Група-2 во Главната фаза на Мундијалот 2025. Најефикасни во македонскиот тим беа Филип Кузмановски и Жарко Пешевски со по шест гола, Марко Митев и Никола Костески постигнаа по пет. По оваа победа, втора на Мундијалот, избраниците на Кирил ...

Македонија попладнево во Вараждин го совлада Катар со 39:34 (21:17) на отворањето на второто коло од главната фаза на Светското првенство во ракомет што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка. Македонската репрезентација го контролираше мечот од почеток до крај. Игравме разноврсно, мотивирано и фокусирано. На моменти непотребно го враќавме противникот во игра, што веројатно се должи на неискуство, но противникот немаше идеја како против ...