Познати се официјалните лица за воведниот меч со кој денес се отвара 35. сезона во Првата македонска фудбалска лига. Бењамин Ќерими ќе им суди на Тиквеш и Арсими, кој денес со почеток од 17 часот ќе играат на Градскиот стадион во Кавадарци. Негови асистенти ќе бидат Мартин Петковски и Александар Ѓурковски, а четврт судија е Ндерим Тефику. Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Вјолца Изеири, а оператор за повторување на снимка е Петар ...

Екипата на Тиквеш на одличен начин ја започна новата сезона во Првата македонска лига, откако во првото коло го совлада Арсими 1973 со убедливи 5-1 (4-1) на домашен терен. Прекрасно официјално деби на клупата на домаќинот имаше тренерот Оливер Богатинов, чии избраници прикажаа моќна и сигурна партија. Кавадарчани го отворија мечот со добра шанса во првата минута, но Арсими се одбрани и се закани на спротивната страна, а одличен блок постави ...