Легендарниот голман на Валенсија но и шпанската репрезентација, Санти Кањизарес, силно застана во одбрана на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, жестоко нафрлувајќи се на тренерот и раководството на својот поранешен клуб. Кањизарес во изјава за шпанските медиуми потенцира дека му се прави огромна неправда на Димитриевски од страна на тренерот на Валенсија кој го остава македонскиот голман без шанса за настап, а во исто време ...

Сантијаго Кањизарес е легендарен шпански голман и најголемите успеси во кариерата ги оствари како член на Валенсија, но бидејќи неговиот сакан клуб веќе неколку години не е управуван онака какошто доликува, популарниот Кањете веќе некое време е најголем критичар на „лилјаците“. Со своите цврсти убедувањата и отворен поглед кон нештата, Кањизарез пред вчерашниот натпревар меѓу Еспањол и Валенсија ја коментирал и ситуацијата на Столе Димитриевски, ...