Заштитата на природата на Пелистер не значи само зачувување на шумите и животинскиот свет, туку и постојано следење на здравствената состојба на дивите животни и квалитетот на водите. Од НП „Пелистер“ најавија и ново истражување за состојбата и бројноста на ендемичната пастрмка. Загадување на водите во пониските предели, но засега без регистрирани загадувања во повисоките зони на Националниот парк Пелистер. Особено внимание е потребно поради ...

Мониторингот на фауната во Националниот парк „Пелистер“ покажа дека во Црвена Река живее пелистерската пастрмка (Salmo peristericus), ендемичен вид карактеристичен за планината Баба. Досега беше познато дека оваа пастрмка живее претежно во реките во Преспа, но новите сознанија потврдуваат дека ја има и во други планински водотеци на Пелистер. „За првпат по пет или шест години ќе спроведеме мониторинг на ендемичниот вид пастрмка што живее во ...