Под мотото „Одиме повторно за Кочани“, иницијативата „Кој е следен?“ упати повик до сите граѓани да се приклучат на новиот протестен собир кој ќе се одржи во сабота, со почеток во 16:05 часот кај Паркот на Револуцијата во Кочани. Во духот на солидарноста и општествената одговорност, иницијативата ги охрабрува сите кои имаат слободно место во возило или имаат потреба од превоз, да се пријават преку онлајн формуларот: ...

Иницијативата „Кој е следен?“ и оваа сабота најави дека ќе оди во Кочани за да им даде поддршка на родителите кои ги изгубија своите деца во трагичната несреќа. За таа цел, организиран е и превоз за сите кои сакаат да се приклучат. „Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во ...