Конечниот договор меѓу Иран и САД мора да биде потврден со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, објави иранската агенција Тасним. Според агенцијата, планот од 10 точки предложен од Иран, што ќе биде основа за идните преговори со американската страна по повлекувањето на претседателот Доналд Трамп, предвидува дека сите можни договори ќе бидат одобрени со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН. ...

Претседателот Доналд Трамп преку социјалните мрежи соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе започнат блиска соработка со Иран, за кој оцени дека поминал низ „многу продуктивна промена на режимот“. Според неговите наводи, во земјата повеќе нема да има збогатување ураниум. Трамп истакна дека САД, во соработка со иранските власти, ќе го отстранат сиот длабоко закопан нуклеарен „прав“. Тој додаде дека локациите биле под прецизен сателитски ...