Норвешката престолонаследничка Мете-Марит, сопруга на престолонаследникот Хокон од Норвешка, со години се бори со белодробна фиброза – неизлечива болест која постепено го отежнува дишењето. Според германскиот „Билд“, нејзината состојба значително се влошила, поради што се подготвува за можна трансплантација на бели дробови. Поради здравствените проблеми на Мете-Марит, семејството се обидува да поминува што повеќе време заедно. Нејзината ...

Норвешкото кралско семејство поминува низ еден од најтешките периоди во последните години. Престолонаследничката Мете-Марит долго време се бори со хронична белодробна фиброза, а во последните недели нејзината здравствена состојба дополнително се искомплицира. Според странските медиуми, вклучувајќи го и германскиот „Билд“, 52-годишната принцеза наводно се подготвува за можна трансплантација на бели дробови. Ситуацијата ги натера членовите на ...