Битола е подготвена за нов ракометен спектакл, по само 24 часа од гостувањето на женската ракометна репрезентација, денеска од 18 часот да биде домаќин на дербито од македонската ракометна Суперлига меѓу Е. Пелистер и Алкалоид. „Пелистерци“ имаат две победи во плејофот, против Тиквеш и Охрид, а сега силно посакува победа и против еден од најдобрите тимови во лигата, Алкалоид кој има една победа и еден пораз по двете одиграни плејоф кола. Како ...

Денеска во плеј-офот на македонската ракометна Суперлига составот на Еурофарм Пелистер на домашен терен го совлада Алкалоид со 30:28. После првото полувреме битолскиот тим имаше предноста од три голови разлика (18:15) во салата „Боро Чурлевски“. Најефикасен во победничката екипа беше Кузмановски со осум и Радивојевиќ со седум погодоци. На спротивната страна Серафимов реализираше девет голови, а по три Стојковиќ, Ѓорѓиев, Франциско и Петковски. ...

Еурофарм Пелистер како најдобар тим во регуларниот дел од сезоната се врати на првото место во ракометниот плејоф, откако вечерва во возбудлив и интересен натпревар го доби дербито со Алкалоид. Триумфот од 30:28 значи дека битолчани остануваат главни претенденти за највисок пласман и оваа сезона, но од друга страна, Алкалоид го претрпе и вториот пораз во третото коло од разигрувањето, што прави работите за избраниците на Кирил Лазаров да бидат ...