Франција ќе биде сериозно ослабена во борбата во рекетот на претстојното европско првенство во кошарка откако „триколорите“ се соочија со уште едно откажување поради повреда. Винсан Поарие е најновиот играч што отпадна од комбинација за настап на Евробаскет 2025 откако асот на Анадолу Ефес заработи незгодна повреда на коленото. Тој ја пропушти последната контролна средба, но беше најавувано дека проблемот не е премногу сериозен. Сепак, тиражниот ...

Кошаркарите на Словенија загубија во пријателскиот натпревар со Летонија (100:88), но тоа не е нај загрижувачката вест за Словенците. Многу поголем проблем е повредата што ја заработи нивната најголема ѕвезда во тимот Лука Дончиќ во третата четвртина. Препорачано Тој го заврши првото полувреме со 26 поени за само 17 минути игра, а имаше и пет асистенции, четири скока и две украдени топки. Беше незапирлив, сè додека не доживеа несреќа што го ...