Пелистер го одигра еден од најдобрите мечеви оваа сезона откако на гостински терен го демолираше Шкупи со убедливи 70-103, реванширајќи му се на овој ривал за неочекуваниот пораз во првиот дел од сезоната. „Пелистерци“ одиграа фокусирано, со максимален пристап во првите три четвртини стигнувајќи и до предност од 40 поени, што беше минимално намалена во последниот период во кој тренерот Трајковиќ им даде шанса на дел од помладите кошаркари. ...
Екипата на Пелистер конечно извојува победа како што посакуваа битолчани. Во последното одиграно коло од Првата кошаркарска лига „зелено-белите“ го декласираа Шкупи со 70-103 и ја подобрија атмосферата во тимот во пресрет на дербито со Работнички. Двете екипи во моментов имаат идентичен скор 11-7, па јасно е дека овој меч ќе биде многу важен и за Пелистер и за Работнички во борбата за што подобар пласман пред плеј-офот. „Работнички е тежок ...