Вечерва избувна пожар на ридот во скопското село Морани. Според информациите од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов упатени се екипи на терен, а тргаат и неколку пинцгауери. „Овие пожари генерално ги предизвикуваат дрвокрадци“, вели Ангелов. Тој додава дека Кире Михаилов, директор на Национални шуми, им го расипал бизнисот со кражба на дрва. Поврзани вести преку ознаки: пожар, скопско морани Прочитајте и: ...

Пред малку изби голем пожар на отворен простор над скопското село Батинци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов. Според Ангелов, зафатени се трева, грмушки и мешана шума, а поради ветрот се шири со голема брзина. Скопската БППЗ работи на гаснење, набргу ќе пристигнат и два пинцгауери на ДЗС како и хеликоптерот на МВР а нешто подоцна ќе полетаат и два ер трактори на ДЗС. На лице место е и директорот на ...