Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин. – Тоа апсолутно зборува за намерни палежи затоа што ако ние дојдовме таму по два часа, немаше да ги најдеме палетите, ниту остатоците. Ќе имаше само пепел- рече Анггелов ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има докази и приведени лица за подметнување на пожарите, преку координирана и добро осмислена акција, особено за Скопје. На новинарско прашање, Мицкоски денеска оцени дека по вчерашните бројни пожари состојбата е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност во справувањето со пожарите. Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, приведени лица посебно на територијата на Скопје затоа ...