Во вистинска одбојкарска драма која траеше повеќе од два и пол часа, македонската одбојкарска репрезентација ја оствари првата победа во Златната лига на ЦЕВ. Вечерва како гости во Даугава ја совладавме Летонија со 3:2 остварувајќи го првиот триумф над оваа репрезентација по пауза од цела деценија. Момците на селекторот Јошко Миленкоски потврдија дека се враќаат во препознатливиот ритам, што особено радува во завршницата на ова натпреварување. ...

Премиерна победа денеска запиша најдобрата македонска машка одбојарска репрезентација во рамките од Европската Златна лига. Препорачано На стартот од вториот турнир во ова натпреварување нашите најдобри одбојкари со резултат 3:2 во сетови (18:25, 25:19, 20:25, 25:23, 25:23) го победија домаќинот Летонија. Нашата селекција искористувајќи ја дури седмата сет-меч топка дојде до многу важен триумф и два бодови во годинешното издание. Капитенот на ...