Ве известуваме дека јавната расправа по Предлог-законот за земјоделство и рурален развој ќе се одржи на 12 јуни 2025 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (големата сала на приземје), на адреса ул. Ленинова бр. 2, Скопје. Вашето присуство и учество ќе биде од особено значење за унапредување на процесот на креирање квалитетна и сеопфатна законска рамка во областа ...

Денес во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа јавна расправа за Предлог-законот за земјоделство и рурален развој. Имавме конструктивен дијалог со сите заинтересирани страни: Научната фела која ги сподели своите стручни анализи; Земјоделците кои ја изнесоа реалноста од полето; Откупувачите со свои предлози за подобрување на верижниот циклус. Секој глас беше сослушан, секој предлог внимателно ќе биде ...