Европските и американските челници разговараа во понеделникот и ја поздравија изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека папата Лав XIV е заинтересиран да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина во Ватикан, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони, иако Ватикан не потврди дека папата дал таква понуда. Ватикан не одговори на барањето за коментар, пишува агенцијата Reuters. Пишувајќи на социјалните мрежи, Трамп рече: ...
Подготовките за размена на затвореници меѓу Русија и Украина врз основа на формулата 1.000 за 1.000 се во тек и сите страни се заинтересирани процесот да се спроведе што е можно поскоро, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој истакна дека размена од ваков обем е процес што бара многу труд, бидејќи вклучува разгледување на конкретни имиња на затвореници, објави РИА Новости. Песков додаде дека иако процесот е во тек, се работи на негово ...
Мелони додава дека телефонски разговарала со претседателите на Украина, Володимир Зеленски, Франција, Емануел Макрон и Финска, Александар Стуб, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и се согласиле да одржуваат тесна координација меѓу партнерите во подготовка за нова рунда преговори Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, изјави дека поглаварот на ...