„Германија е вратена на вистински пат" – на англиски јазик канцеларот Фридрих Мерц од конзервативната ЦДУ при претставувањето на коалицискиот договор во Берлин пред три месеци, го објави очекувањето на неговата влада за новата улога за Германија. На претходната влада под социјалдемократот Олаф Шолц, Мерц ѝ префрла неуспех и дека била премногу резервирана и воздржана во поддршката за Украина, премалку амбициозна во европската политика и ...

„Синоќа бевме сведоци на најтешките бомбардирања и ракетни напади од почетокот на војната. Ова е тероризам насочен против цивилни цели. Тоа повеќе нема никаква врска со војна против воени цели“, оцени Мерц по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. На церемонијата по повод 70-годишнината од влегувањето на Германија во НАТО, Мерц нагласи дека неговата „влада ќе направи сè за да го направи Бундесверот најсилната конвенционална армија ...