Првиот ден од фајналфор турнирот на Евролигата во Абу Даби донесе изненадувачки расплет, откако Монако се придружи на Фенербахче на листата на финалисти за големиот трофеј. Неколку часа откако Панатинаикос беше симнат од европскиот трон, неочекуван пораз претрпе и вториот грчки гигант Олимпијакос, кој беше поразен од Монако. Триумфот на „кнезовите“ е апсолутно заслужен, Василис Спанулис тактички маестрално го надмудри Барцокас, предводејќи го ...

Иако беше прв кандидат за освојување на титулата, грчкиот Олимпијакос загуби од Монако во полуфиналето на завршниот турнир во Евролигата, со што го продолжи „проклетството“ кое трае од сезоната 2016/17. Имено, од оваа година наваму, тимот што бил прв во регуларниот дел од сезоната, ниту еднаш на крајот не го кренал трофејот во елитното натпреварување. Таков беше случајот и со Олимпијакос, кој беше поразен од Монако, чиј предводник е легендата на ...