За да честита 8 Март или празник, Македонија увезува цвеќе, па дури и каранфил. А за да се разубават и уредат дворовите, сесрдно напомош се домашните расадниците. Според Царината, лани се увезени речиси 280.000 килограми свежо цвеќе во вредност од близу 120 милиони денари. Најмногу рози, најмалку гладиоли. Цвеќарите велат – немаат голема заработувачка, лебот, нелојално, им го јадат – маркетите. За разлика од режаното цвеќе, цветната убавина за ...

Празникот на жената, 8- Март се честита, главно, со увезено цвеќе. Се увезува дури и каранфилот кој порано државава го произведуваше и го извезуваше во Холандија. Увезеното цвеќе е од Холандија преку дистрибутери, потврдуваат од цвеќарниците кои велат дека набавните цени се големи и тоа влијае на високите цени во продажбата. Во помалата продажба влијае и тоа што се иселуваат младите, но и нелојалната конкуренција од маркетите. -Цвеќето е ...